На „Паркот на принцовите“ за Божиќ францускиот шампион ќе добие нов шеф на клупата…ПСЖ во средата го совлада убедливо Стразбур со 4:0, овој месец обезбеди место во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Моментно париските „светци“ се третопласирани на табелата во француската „Лига 1“ со еден бод заостанување во однос на водечкото дуо Лион и Лил.
Германецот во поголем дел од минатата сезона работеше под сериозен протисок, а остана на клупата и после поразот во финалето на ЛШ. Притисокот не се намали ни оваа сезона, а во негов прилог не одеа ниту четирите порази во првенството.
Нов тренер на ПСЖ ќе биде назначен Аргентинецот Маурисио Почетино.
Коментари
Loading…