Пилешко со тестенини во кремаст сос
Состојки:
- 250 гр тестенини
- 400 гр брокула
- 400 гр пилешко филе
- 1 лажица масло
- 250 мл павлака за готвење
- сол
- Пармезан за наросување
Подготовка:
Гответе ги тестенините „ал денте“ во солена вода, па исцедете ги.
Ставете го во подмачкан сад за печење.
Одделете ги и бланширајте ги цветовите од брокула.
Пилешкото филе исечете го на коцки и кратко пропржете го на загреано масло.
Наредете ги пилешкото и брокулата врз тестенините. и додадете павлака за готвење.
Печете околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени.
Наросете со пармезан и сервирајте.
Коментари
Loading…