Во Албанија вчера започна вакцинацијата против коронавирусот, истакна премиерот Еди Рама.
„Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19“, напиша Рама на својот Фејсбук профил.
Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати.
Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и Бионтек.
Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10.750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30.250 дози во февруари.
Коментари
Loading…