Во понеделникот се одигра само еден натпревар во второто коло од групната фаза во регионалната СЕХА Газпром лига, а во дербито, нашиот Вардар беше подобар од Нексе од Нашице со резултат 27:26 во многу возбудлив дуел.
Најефикасни во нашиот тим беа Иван Чупиќ и Филип Талески со по 6 голови, додека Ловро Јотиќ постигна 4.
Во поразениот тим на Нексе се истакна Јанко Кевиќ со 7 голови, додека Доријан Маркушиќ и Халил Јагањац постигнаа по 4 гола.
Вардар по две кола има максимален учинок во групата Б, додека Нексе го претрпе првиот пораз по воведувањето на триумфот на мечот со Војводина.
Коментари
Loading…