Лидерот на шпанското домашно првенство, Атлетико Мадрид на домашен терен ја пречека екипата на Селта Виго. Натпреварот заврши 2-2 и се одигра во рамките на 22 коло во шпанската Ла Лига. И покрај киксот, Атлетико е сигурен на врвот со 51 бод.
Веднаш зад него се наоѓаат Барселона и Реал Мадрид. Селта поведе во натпреварот, но на самиот крај од првото полувреме Суарез го возврати ударот. Во вториот дел Суарез повторно се запиша во листата на стрелците, но радоста на Јорганџиите ја расипа Фереира откако во последната минута на мечот го израмни резултатот.
Коментари
Loading…