Во рамките на натпреварувањето каде учествуваат само најдобрите европски екипи, Лигата на Шампионите се сретнаа Барселона и ПСЖ. Каталонците, на нивниот „Камп Ноу“ доживеаја висок пораз.
Барселона започна добро и во средината од првото полувреме Меси ја затресе мрежата од белата точка. Само пет минути подоцна, Ембапе израмни на 1-1. Во второто полувреме, екипата од Париз успеа да ги надмудри Каталонците и постигна дури 3 погодоци. Ембапе го комплетираше својот хет-трик и Пареде се запиша во листата на стрелците.
Коментари
Loading…