Манчестер Сити е на пат да ја освои својата трета титула во претходните 4 сезони откако ја продолжија својата низа на победи во гостувањето на „Гудисон Парк“ кај Евертон. Со оваа победа, Сити е сега на првата позиција и има дури 10 бодови предност од второпласираниот Лестер.
Фил Фоден беше стрелецот на првиот погодок за Сити, но Евертон преку Дињ веднаш израмни. Но „Карамелите“ не успеаа да го издржат притисокот на Сити и во второто полувреме примија уште два погодоци.
Коментари
Loading…