Мохамед Салах во 2017 од италијаската Рома се пресели во клубо од Енфилд и стана еден од најдобрите фудбалери во светот. Оттогаш за „Црвените“ одигра 131 натпревар постигнувајќи 90 погодоци. Во неговата кариера со англиксиот клуб успеа да ги освои Премиер Лигата, Лигата на Шампиони, УЕФА Супер куп и светското клупско првенство.
Според легендата на Болтон, Џеј Џеј Окоча, Салах треба да го напушти клубот. Причина за тоа е дека Египќанинот освоил се со Ливерпул, а клубот моментално е во криза. Салах мора да бара нови предизвици за да остане еден од најдобрите фудбалери, смета Окоча.
Коментари
Loading…