Поранешниот менаџер на Челси откри дека веќе одбил неколку понуди од други клубови по напуштањето на неговата претходна работа и дека ја чека совршената можност за него. Тој за време на едно интервју зборуваше за неговата иднина и откри кој играч сакал да го донесе на Стемфорд Бриџ.
Главната цел на Лампард бил играчот на Вест Хем, Деклан Рајс. „Тој е одличен фудбалер, лидер и репрезентативец. Тој е се што треба да биде еден играч. Мислам дека е јавна тајна дека сакав да го донесам во Челси додека бев менаџер.“ изјави Френк.
Коментари
Loading…