Во рамките на вторите четвртфинални натпревари од Европа Лигата, Славија Прага го дочека Арсенал на домашен терен. Првиот натпревар заврши нерешено со резултат 1:1 и гостите мораа да постигнат барем еден гол за да поминат во следната фаза.
Топџиите одлично го започнаа натореварот со три брзи погодоци, а тие беа дело на Николас Пепе во 18 минута и на Лаказет од белата точка три минути подоцна. Сака успеа да го постигне третиот гол во 24 минута. Во второто полувреме Лаказет повторно се запиша во листата на стрелците и со тоа го постави конечниот резултат од средбата.
Во следната фаза од натпреварувањето, Арсенал ќе се сретне со Виљареал.
Коментари
Loading…