Едноставен, а многу вкусен специјалитет
Испечете 4–8 пиперки во рерна или на скара.
Растопете 50 гр путер и додадете 1 кутија хопла (300 мл- неутрална за готвење ) и една кутија кајмак (150 мл), се заедно измешајте и посолете по вкус.
На крај прелијте ги печените пиперки со овој превкусен сос од кајмак во земјена тава.
На 250 степени печете ги 15 минути.
Добар апетит!