Лукас Пакета го однесе Бразил во финалето на Копа Америка со голот кој го постигна во првото полувреме против Перу на стадионот Нилтон Сантос.
Нејмар издрибла тројца дефанзивци на Перу и асистираше при постигнувањето на единствениот гол во полуфиналниот натпревар. Бразил, кој ја освоил Копа Америка секој пат кога бил домаќин на турнирот, ќе игра во финалето коешто е закажано во сабота.
Во финалето во 2019 година, токму Бразил го победи Перу и го крена трофејот по деветти пат во нивната историја. Бразил имаше повеќе шанси преку Нејмар и Ричарлисон, но голманот на Перу Педро Галесе забележа инзворедни интервенции.