Ако сте биле изложени на сонце и сте изгорени, најважно е кожата прво да се олади, а треба да користите гелови базирани на алое.
Таа препорачува да не излегувате во најтоплиот дел од денот, но советува што да направите во случај на изгореници на кожата.
„Ако заработите изгореници, во зависност од степенот, најчест е првиот степен – црвенило, прва помош ќе биде ладење на изгорениците“, посочува лекарот..
Тој додава дека во вакви случаи треба да се користат гелови на база на алое, кои истовремено ја смируваат кожата и ја ладат.
Говорејќи за заштитата на децата од сонцето, докторот истакна дека треба да им се посвети посебно внимание, како и дека доколку излезат во најтоплиот дел од денот, тие мора да имаат заштитна облека и да бидат заштитени со креми со фактор 50.
„Ние мора да ги заштитиме децата, бидејќи последиците се големи. Меланомот станува се почест и се повеќе се зголемува “, заклучува докторот.
Поради големата жештина, во Македонија се во сила црвено-портокаловите метеоролошки аларми.
Коментари
Loading…