Тажната вест ја соопшти семејството на актерот кој се здобил со тешки повреди на главата поради несреќа за време на скијањето во регионот Савоја по што вчера со хеликоптер бил пренесен во болница во Гренобл. Улиел имаше само 37 години.
Тој се прослави со улогата на Ив-Сен Лоран во биографскиот филм од 2014 година а во последниот период беше меѓу водечките француски актери на својата генерација кој ја има една од главните улоги во новата серија на „Марвел“, „Мун Најт“, која допрва ќе има премиера на стриминг платформата „Дизни+“.