in ,

WTFWTF Што?Што?

На петок 13-ти: Американец освои премија од 1,35 милијарди долари во игра на среќа

Американец, чие име сѐ уште не е познато, го одигра добитниот лоз во американската игра на среќа „Mega Millions“ и освои премија од нешто повеќе од милијарда долари. И тоа баш на петок 13-ти – ден кој за многумина е баксузен.

Добитната комбинација била забележана на само еден лотариски лист и оваа премија е втора по големина во историјата на „Mega Millions“. Најголемиот џекпот изнесувал 1,53 милијарди долари, а бил одигран во октомври 2018.

Среќната комбинација на броеви извлечени доцна во петокот вечер беше: 30, 43, 45, 46, 61 и златното „мега топче“ 14.

Патем, шансите за освојување на ваква награда беа проценети на многу мали – една на речиси 303 милиони.

Статистички, ова седми џекпот кој се паѓа на „несреќниот“ датум во историјата на играта на среќа, која постои од 2002 година.

Добитникот на наградата ќе има можност да избере исплата на рати, во наредните 29 години, или исплата во готово, нешто што обично добитниците на вакви премии го претпочитаат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote