in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Цитрони – здраво овошје кое ги топи килограмите

Цитроните изобилуваат со витамин А и Ц, калциум, фосфор, калиум. Тие ги прочистуваат цревата, спречуваат инфекции и настинки, помагаат во проблеми со вените, а тоа е доволно за да се најдат на вашето мени.

 

Освен тоа, цитроните ја забрзуваат работата на метаболизмот, поради што се добар сојузник на витката линија. Во продолжение прочитајте зошто да јадете цитрони кога сакате да ослабете.

ОДРЖУВАAT СИТОСТ
Цитроните изобилуваат со растителни влакна, па поради тоа одржуваат ситост подолго време. Со тоа ја намалуваaт потребата од грицкање непотребна храна. Побрзо ќе ослабете ако појадувате половина или цел цитрон. Половина цитрон содржи само 50 калории.

ГО СТАБИЛИЗИРААТ ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА
Во нив има состојки кои го намалуваат нивото на инсулин. Помалото ниво на инсулин овозможува користење на храната за енергија, наместо за складирање како масно ткиво.

МИРИСОТ НА ЦИТРОНОТ ГО НАМАЛУВА АПЕТИТОТ
Неговиот мирис го намалува апетитот, а за тоа е заслужно етеричното масло на цитронот. Неговиот мирис влијае врз енизимите на црниот дроб, а тоа ја намалува желбата за внесување храна.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote