in

СлаткоСлатко

Најстарото куче на светот го прослави 31 роденден (ВИДЕО)

Боби, најстарото куче на светот, го прослави својот 31 роденден, објавиле „CNN“.

Ова куче влегло во Гинисовата книга на рекорди во февруари, а неговиот сопственик Леонел Коста изјавил дека прославата на 31 роденден на Боби била „многу традиционална“. Биле поканети повеќе од 100 луѓе, кои ги забавувала танчерска група. Од кога ја добил титулата, Боби привлекувал сè повеќе внимание. Тој е во добра здравствена состојба и пoкрај годините, редовно одел на прегледи, но сопственикот бил загрижен поради стресот кој му го предизвикувале многубројните посетители. „Луѓето се фотографираа, а тој мораше многу пати да стане и да седне. Не му е лесно“, изјавил Коста.

 

 

 

 

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote