in

ТаженТажен

Почина најстарото куче на светот

Кучето Боби од Португалија, кое влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарото куче на светот, почина на 31-годишна возраст, објавено е денеска на веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди.

„Боби живееше 31 година и 165 дена. Почина на 21 октомври во својот дом во португалското село Конкеирос, каде го живееше целиот свој живот со семејството Коста”, се вели во соопштението.

Боби влезе во Гинисовата книга на рекорди како куче со најдолг животен век во февруари 2023 година, кога имаше повеќе од 30 години.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote