in

Што?Што?

Рекорд на Медитеранот: Највисока дневна температура на море забележана досега

Водата во Средоземното Море ја забележа највисоката дневна температура досега, објави главниот центар за морски феномени во Шпанија, бидејќи екстремната топлина зафати голем дел од медитеранскиот басен, една од „жариштата“ на затоплување на климата.

„Соборен е нов рекорд за периодот 1982-2023 година за просечна дневна температура на површината на Средоземното Море со 28,71 Целзиусови степени“, објавија истражувачите од Институтот за морска наука (ICM) во Барселона.

Тие анализираа сателитски податоци од Европската опсерваторија Коперник.

Претходната рекордна висока дневна температура на Средоземното Море од 28,25 степени Целзиусови беше забележана на 23 август 2003 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote