in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 23 АВГУСТ 2023

Thermometer with high temperature on the city with glowing sun background. Heatwave concept

Времето денес:

 

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и заради големата енергија во атмосферата ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. UV=8

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T= 38 °C, P= 978 hPa, U= 38 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме, особено утре и во сабота.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote