in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 5 АВГУСТ 2023

Времето денес:

 

Претпладне сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. UV=8

Во Скопје претпладне сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме.

Денес ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во попладневните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Од утре следува период на посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote