Едноставна, вкусна и здрава закуска.
Состојки:
- 250 гр овесни снегулки
- 150 ореви или бадеми, суво грозје и суви кајсии
- 150 гр путер
- 25 гр кафеав шеќер
- 5 лажици мед
Подготовка:
Се топи путерот и се додава медот, па се промешува за да се стопи сè.
Тргнете го од оган и додадете ги другите состојки. Добро измешајте ја смесата.
Смесата ќе изгледа мрсна. За време на печењето, овесната каша ќе ги апсорбира путерот и медот и сè ќе изгледа убаво.
Покријте мал плех со хартија за печење со димензии 20 х 30 сантиметри
Се нанесува мешавината на хартија, а потоа се израмнува.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Оставете ја смесата да се излади.
Се сече на плочки.
На здравје!
Коментари
Loading…