Како да направите домашен бурек со месо и богат фил, крцкава кора и вкус што ги придвижува сите сетила. Рецептот е пред вас.
Потребно е:
- 500 гр мелено месо
- 2 кромиди
- 1/2 кг тенки кори
- сол, бибер
- зејтин
- 200 мл вода
Подготовка:
Пропржете го ситно кромидот, а потоа додадете мелено месо и пржете. Додадете сол и бибер. Подмачкајте тава со дијаметар од 24 см добро со масло и покријте ја со кора.
Изгужвете три кори како хармоника и покријте го дното. Наросете со малку зејтин и вода. Покријте со три други стуткани кори. И тие попрскајте ги со зејтин и вода.
Така, третиот ред и вметнете третина од месото, а потоа исто како и првите три реда кора и месото пак кора па месо
Покријте со кора и премачкајте со зејтин и печете на 200 степени околу 50 минути.
На здравје
Коментари
Loading…