Фудбалерите на Барселона и Атлетико Мадрид ремизираа без голови во дербито на 35. коло од Ла Лига. Ваквиот резултат најдобро одговара на актуелниот шампион Реал, кој би се искачил на лидерската позиција на три кола пред крајот на шампионатот со потенцијална победа над Севилја во недела.
По ремито во Каталонија, Атлетико остана прв со 77 бода, Барса е втора со 75, додека Реал е сега трет со 74, со натпревар помал и подобар меѓусебен скор од најголемите ривали. Ова значи дека Кралскиот клуб има сè во свои раце до крајот на шампионатот и дека во случај да ги добие преостанатите натпревари, ќе ја брани титулата.
⏱ 90'+2' | #BarçaAtleti 0⃣-0⃣
⏹ Acabó el partido en el Camp Nou con tablas en el marcador.
🔴⚪ #AúpaAtleti pic.twitter.com/a1seHbbPsL
— Atlético de Madrid (@Atleti) May 8, 2021
Коментари
Loading…